• среда, 15 јануари 2025

Началникот на ГШ на конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на ГШ на конференција на Воениот комитет на НАТО

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски од денеска ќе престојува во работна посета на Прага.

Генералот Лафчиски во текот на утрешниот ден, за првпат од назначувањето на новата должност, ќе учествува на конференција на Воениот комитет на НАТО, во формат на началници на Генералштабови, каде е предвидено негово обраќање на дел од сесиите.

Највисокиот воен авторитет на НАТО алијансата, Воениот комитет во формат на началници на Генералштабови се состанува двапати годишно во седиштето на НАТО во Брисел, а еднаш годишно во сојузничките земји членки. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан