Национална конференција „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“
- Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) по повод 20 години од своето постоење организира Национална конференција на тема „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност”.
Скопје, 28 мај 2025 (МИА) - Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) по повод 20 години од своето постоење организира Национална конференција на тема „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност”.
ОРМ ќе ги презентира наодите од истражувањето кое ги идентификува предизвиците и можностите за раст на продуктивноста во македонските компании.
-На конференцијата ќе се презентираат наодите од истражувањето поврзани со развојот на работната сила, капиталот, технолошкиот напредок, пристапот до финансии, менаџерските практики, организациската ефикасност и пазарните услови, информира ОРМ.
Врз основа на наодите, Организацијата на работодавачи предлага конкретни препораки за политики и мерки насочени кон раст на продуктивноста и деловната ефикасност во Македонија. мч/дма/
Фото: ОРМ