Национална конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место во Штип
- Како што информираат организаторите на настанот, на конференцијата ќе бидат разгледани важни прашања за родовата еднаквост и дискриминацијата на работното место.

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Национална конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место ќе се одржи денеска во Штип.
Како што информираат организаторите на настанот, на конференцијата ќе бидат разгледани важни прашања за родовата еднаквост и дискриминацијата на работното место.
Предвидени се излагања на стручни претставници од институции, носители на одлуки, работнички, што ќе понудат препораки за создавање праведни и инклузивни работни средини. бд/лв/
Фото: Плакати