Научно истражување: Цвеќињата имаат „биолошки часовник“, усогласен со потребите на инсектите
- Грамофончињата што се отвораат наутро и цвеќињата што испуштаат мирис во текот на ноќта изгледа како да знаат колку е часот. Научниците од корејскиот институт за напредни науки и технологии (КАИСТ) го откриле на молекуларно ниво механизмот на дејствување на „биолошкиот часовник“, усогласен со однесувањето на инсектите. Ваквото истражување, објавено во списанието „Д Плант сел“ („The Plant Cell“), нуди потенцијални примени на технологиите за контрола на времето на цветање и ослободување на мирис. Истражувачкиот тим, предводен од професорот Сан-Гју Ким, открил дека гените регулирани од биолошкиот часовник на растенијата комплексно го контролираат и времето на отворање на цветовите и циркадниот ритам на ослободување на мирис
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.