• недела, 22 декември 2024

Научен собир посветен на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски

Научен собир посветен на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски

Скопје, 5 јуни 2024 (МИА) - Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска со научен собир ќе ја одбележи годишнината од раѓањето на Гане Тодоровски (95 години) и на Петре М. Андреевски (90 години).

Собирот, што ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, со поздравна реч ќе го отвори директорката на Институтот, проф. д-р Наташа Аврамовска. За научната дејност на Гане Тодоровски ќе говори проф. д-р Валентина Миронска-Христовска, а за неговата поезија ќе говори проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер. Книжевната дејност на Петре М. Андреевски ќе ја претстави проф. д-р Наташа Аврамовска, а за романот „Пиреј“ ќе зборува проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева.

- Институтот за македонска литература настојува значајните личности и нивното книжевно творештво да ги актуализира и кај младите генерации и затоа овој собир го реализира во интеракција со ученици од средните училишта, наведуваат од Институтот. вг/бак/

Фото: Плакат/принтскрин

 

Остани поврзан