• сабота, 04 мај 2024

Научен симпозиум на тема „Високото образование во ерата на дигиталната технологија“

Научен симпозиум на тема „Високото образование во ерата на дигиталната технологија“

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Американскиот универзитет на Европа – ФОН во рамки на одбележувањето на 20 години од основањето денеска ќе одржи меѓународен научен и стручен симпозиум на тема „Високото образование во ерата на дигиталната технологија“.

На симпозиумот ќе се дискутира на темите од областа на кибер безбедноста, вештачката интелигенција и критичната инфраструктура, бизнис и примена на дигитална технологија и нов светски поредок и геополитика.

На настанот ќе присуствува и ќе се обрати заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.

Помеѓу другите, на настанот ќе говорет и поранешниот министер за одбрана на Словенија, Роман Јакиќ на тема „Геополитичка нова реалност“, поранешниот потпретседател на израелскиот Кнесет, Јахиел Хилик Бар, на темата „Нов поредок на Блискиот Исток: политика, сојузи и кибер“, геополитичарот Мишел Фушер за „Вагата и зборовите на војната во Европа“ и поранешниот амбасадор Нано Ружин на тема „Нов светски поредок или продолжување на војната со други средства“.

Во попладневните часови ќе биде одржана и свечената церемонија во просториите на АУЕ - ФОН. свс/сп/

Остани поврзан