• среда, 08 мај 2024

Наутро постудено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност

Наутро постудено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност
Скопје, 2 октомври 2021 (МИА) – Времето во земјава по студеното утро ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 22 степена. Во недела и во првите два дена од следната седмица ќе преовладува стабилно и сончево време со појава на мала до умерена облачност. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст. Нови врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот.

Остани поврзан