Наум Бајо добитник на наградата „Петковиот аманет“
- Новинарот и писател Наум Бајо е добитник на наградата за животно дело „Петковиот аманет“, што ја доделува меѓународната книжевна манифестација „Струшки книжевни средби“.
Струга, 24 ноември 2022 (МИА) - Новинарот и писател Наум Бајо е добитник на наградата за животно дело „Петковиот аманет“, што ја доделува меѓународната книжевна манифестација „Струшки книжевни средби“.
Наградата се доделува прв пат годинава, во чест на починатиот струшки писател, основач и претседател на културниот центар „Бран“ и на манифестацијата „Струшки книжевни средби“, но и главен и одговорен уредник на ревијата „Бранувања“.
Наградата му беше врачена на промоцијата на 20. јубилеен број на списанието за литература, култура и уметност „Бранувања“, каде Бајо бил еден од првите уредници.
Наум Бајо е македонски новинар, дописник од Струга за првиот македонски дневен весник „Нова Македонија“. Роден е на 30 април 1943 година во струшкото село Долна Белица. Автор е на романите „Црвените птици над Рим“, „Часовник од цвеќе“, „Камено срце“, драмата „Воз за Србија“, збирка раскази „Живот“ и книгата „Новинарот нула тринаесет“. сс/дма/