• среда, 08 мај 2024

Натрупано ѓубре на улиците на Единбург поради штрајкот на компаниите за ѓубре

Натрупано ѓубре на улиците на Единбург поради штрајкот на компаниите за ѓубре
Единбург, 28 август 2022 (МИА) - На улиците на главниот град на Шкотска, Единбург, се трупаат купишта ѓубре поради штрајкот на компаниите за ѓубре што трае повеќе од една недела. Здравствените власти предупредија дека постои закана за јавното здравје. Тие ги предупредија локалните власти дека доколку продолжи акумулацијата на отпад, тоа ќе стане ризик за здравјето на луѓето и ќе треба да се преземе деконтаминација на контаминирани јавни простори. Штрајкот на собирачите на ѓубре во Единбург започна на 18 август и треба да трае до 30 август. Меѓутоа, доколку не се реши спорот со платите, можни се дополнителни протестни акции. паг/    

Остани поврзан