• недела, 22 декември 2024

НАТО обучува воени кадети во Узбекистан

НАТО обучува воени кадети во Узбекистан

Брисел, 17 април 2024 (МИА) – Специјалци на НАТО од вчера почнаа со обука на кадети во Узбекистан. Персоналот на НАТО одржа обука на повеќе теми за кадетите за време на посетата на специјализиран армиски центар за обука во земјата, се наведува во соопштението од узбекистанското Министерство за одбрана.

Предвидено е обуката да трае до 20 април.

Узбекистан е поранешна советска република, кој има блиски врски со Русија, а изминатите години имаше и повеќе разговори за зајакнување на економската соработка со Талибанците од Авганистан.

НАТО редовно одржува обуки во земји кои не се членки на Алијансата и во држави кои соработуваат со Русија. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан