• петок, 22 ноември 2024

НАТО и КФОР: На Косово е мирно, остануваме клучни за стабилноста во регионот

НАТО и КФОР: На Косово е мирно, остануваме клучни за стабилноста во регионот
Косовска Митровица, 2 февруари 2022 (МИА) - Ситуацијата на Косово сега е многу помирна отколку што беше, но понекогаш доаѓа до тензии, соопштија НАТО и КФОР на социјалните мрежи. Тие додаваат дека „косовските сили предводени од НАТО и КФОР остануваат клучни за стабилноста во регионот“. Оваа порака е објавена при посетата на евро-американската двојка Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, кои се обидуваат да го рестартираат дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина, пренесува КоСсев.
НАТО ја објави оваа порака со кратко видео од северот на Косово и потсетување дека до неодамна имаше барикади на локални Срби по спорот меѓу Приштина и Белград за регистарските таблички. Во пораката се потсетува дека КФОР е трет во синџирот за реагирање во вакви ситуации, по косовската полиција и ЕУЛЕКС, што значи дека „ситуацијата е сериозна“ кога КФОР е повикан на помош. „Нашата работа не е да одлучуваме кој е во право, а кој не, туку да помогнеме да се одржи мирот овде“, се заклучува во пораката. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан