• понеделник, 23 декември 2024

Натали Портман не им дава на децата да гледаат „Војна на ѕвездите“

Натали Портман не им дава на децата да гледаат „Војна на ѕвездите“
Лос Анџелес, 14 октомври 2020 (МИА) - Израелско-американската глумица и оскаровка Натали Портман сѐ уште не им дава на своите деца да ги гледаат филмовите „Војна на ѕвездите“, каде што таа глуми. Причината е што таа сака децата да ја помнат „како ништо друго, освен како - нивната мајка“, како што самата изјави за порталот „Фадерли“. - Забавно е тоа што бев дел од нешто со кое децата се поистоветуваат. Моите - поточно, син ми, ќерка ми е сѐ уште мала - ги гледаше последните филмови кајшто не глумам, вели Потман. Натали со својот сопруг - танчерот Бенџамин Милпајд, го имаат синот Алеп (9) и ќерка им Амалија (6). си/ссм/

Остани поврзан