• недела, 22 декември 2024

Насралах: Регионот е пред нова и неизбежна конфронтација

Насралах: Регионот е пред нова и неизбежна конфронтација
Бејрут, 18 февруари 2020 (МИА) - Генералниот секретар на либански Хезболах, Хасан Насралах изјави дека регионот се соочува со нов неизбежен судир со оглед на тоа дека другата страна односно САД водат војни, извршуваат атентати и ги одземаат правата. Тој алудираше на  мировниот план за Блиски Исток, што неодамна беше претставен од американскиот претседател Доналд Трамп. Насралах посочи и дека САД претходно доживувале неуспех кога народите од регионот одлучиле да им се спротвистават. - Луѓето во регионот немаат друг избор пред овие бројни и различни облици на американската агресија, со исклучок на сеопфатниот и  народен отпор, истакна Насралах, додавајќи оти палестинското отфрлање на американскиот план е од клучно значење. Тој се осврна и на состојбата во Либан наведувајќи дека земјата поминува низ тешка економска, финансиска и монетарна ситуација. Насралах истакна дека Хезболах нема да ја напушти Владата на Хасан Диаба, која пред неколку дена доби доверба. ми/

Остани поврзан