Насилна смрт на жена во Струмица, се трага по сторителот
- Првичните резултати од обдукцијата што јавниот обвинител ја нареди врз почината 83-годишна жена од Струмица упатуваат на тоа дека станува збор за насилна смрт, соопштија денеска од Јавното об

Скопје, 23 јануари 2023 (МИА) - Првичните резултати од обдукцијата што јавниот обвинител ја нареди врз почината 83-годишна жена од Струмица упатуваат на тоа дека станува збор за насилна смрт, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
- Кај починатата чие тело беше откриено на 20 јануари во куќа во Струмица се откриени траги кои упатуваат на тоа дека смртта настанала како последица на давење и задушување, како и две скршени ребра, се појаснува во соопштението.
По насоки на јавниот обвинител интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривично дело. Непосредно по настанот Основнот јавно обвинителство Струмица извршило увид на лице место и биле подигнати траги кои веќе се предмет на вештачење.
Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија посочуваат дека во куќата нема знаци за насилен влез, но е видливо претурање по лични предмети. Во насока на испитување на настанот, се вршат разговори со сите лица кои би можеле да имаат определени сознанија. цр/