НАСА: Петто целосно женско вселенско излегување вон МВС
- За време на престојот вон МВС, американските астронаутки инсталираа држач за претстојното распоредување на сончеви панели и ја преместија комуникациската антена.
Хјустон, 2 мај 2025 (МИА) - Астронаутките на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА, Ен Меклејн и Никол Ајерс минаа речиси седум часа надвор од Меѓународната вселенска станица. Целта на ова вселенско излегување беше одржување и поправка околу МВС, пренесе ДПА.
Ова е петто излегување составено само од жени, во историјата. За време на престојот вон МВС, американските астронаутки инсталираа држач за претстојното распоредување на сончеви панели и ја преместија комуникациската антена на Станицата.
Ова беше 275-то астронаутско вселенско излегување во историјата на МВС. Меклејн ја прави својата трет престој вон МВС, а за Ајерс ова е прво излегување. си/ссм/
Фото: ЕПА