Нарушен јавниот ред и мир со тепачка меѓу ученици во Неготино
- Во Центарот за социјални работи - Неготино, во присуство на преставници од училиштето, со двајцата малолетници бил извршен службен разговор.
Неготино, 29 јануари 2025 (МИА) - Во средно општинско училиште во Неготино бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетни ученици. Случајот бил пријавен вчера во 12:20 часот во неготинската полициска станица, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Во Центарот за социјални работи - Неготино, во присуство на преставници од училиштето, со двајцата малолетници бил извршен службен разговор. Од СВР - Велес додаваат дека по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Од СВР - Велес информираат и дека вчера во 18:10 часот во ОВР - Кавадарци, Б.Ш., на возраст од 51 година од Росоман, пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата невенчана сопруга, 39-годишната Е.Х..
- Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, истакнуваат од СВР - Велес.
Подоцна, во 18:50 часот во ОВР - Кавадарци, О.М., 75-годишна жена од село Ваташа, пријавила дека на улицата „Страшо Пинџур“ во селото била касната од куче. свд/бд/
Фото: МИА архива