• среда, 15 мај 2024

Народна банка: Новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од курсната листа

Народна банка: Новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од курсната листа

Скопје, 15 април 2024 (МИА) - Народната банка информира дека е изработена нова веб услуга за автоматизирано преземање на податоците од курсната листа, којашто може да се користи паралелно со старата.

Старата веб-услуга, како што информира Народната банка, ќе биде достапна на веб-страницата до крајот на мај годинава и дотогаш сите корисници треба да почнат да ја употребуваат новата веб-услуга.

- Деловните банки веќе се префрлија на новата апликација и  автоматизирано ја читаат Курсната листа секој ден. Оваа апликација на Народната банка за Курсната листа и за курсевите за државните органи е изработена со нови современи алатки и е достапна на следнава врска: https://www.nbrm.mk/web-servis-novo.nspx , на која има и упатство за корисниците за нејзиното користење, велат од централната банка.

Посочуваат дека воведувањето на новата услуга е во рамки на унапредувањето на ИТ-безбедноста на процесите преку примена на нови технологии што се поотпорни на нападите од дигиталниот простор.

- Постојаното јакнење на киберотпорноста, како и користењето на технологиите за подобрување на услугите кон корисниците е заложба на централната банка. Оттука, неодамна започна билатерална соработка со централната банка на Италија, проект на Европската Унија, чијашто цел е преку пренесување на искуствата да се зајакнат стандардите и најдобрите практики во Народната банка за развивање и одржување апликативен софтвер, се наведува во соопштението. бак/са/

Фото: Народна банка

Остани поврзан