• петок, 22 ноември 2024

Народна банка: Вкупните средства на ОФИ зголемени, пензиските фондови со најголемо учество, 65,6 отсто

Народна банка: Вкупните средства на ОФИ зголемени, пензиските фондови со најголемо учество, 65,6 отсто

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - Во првиот квартал на 2024 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) изнесуваат 225,019 милиони денари и на квартална основа се зголемени за 14,178 милиони денари. Средствата на останатите финансиски институции учествуваат со 20,9 отсто во средствата на финансиските институции.

Како што соопшти Народната банка, анализирано по потсектори, пензиските фондови имаат најголемо учество од 65,6 отсто во вкупните средства на ОФИ, а по нив следуваат осигурителните друштва со 16 отсто.

Најголем дел од средствата на ОФИ се однесуваат на вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност  со учество од 51,7 проценти и 26 отсто, додека на страната на обврските главно се обврски по основ на технички резерви на осигурување  и капитални сметки, со учество од 54,6 и 35,7 отсто.

Позначајните движења кај ОФИ се достапни на https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/OFI/2024/Soopstenie_za_pecat_OFI_Q1_2024_mk.pdf. мч/цр

фото: Народна банка

Остани поврзан