Наполи ја продолжи победничката низа во Серија А
- Во 21. коло во италијанското првенство, Наполи синоќа на гости ја победи Аталанта со резултат 3:2.

Бергамо, 19 јануари 2025 (МИА) - Во 21. коло во италијанското првенство, Наполи синоќа на гости ја победи Аталанта со резултат 3:2.
Матео Политано, Скот Мектоминај и Ромелу Лукаку погодија за наполитанците. Головите за домаќините ги постигнаа Матео Ретеги и Адемола Лукман.
Наполи ја продолжи победничката низа во Серија А на шест натпревари и е прв во поредокот со 50 бодови.
Аталанта е на третото место со 43 бодови. зс/
Фото: ЕПА