• среда, 24 април 2024

Наполи и Реал последни четвртфиналисти во Лигата на шампионите

Наполи и Реал последни четвртфиналисти во Лигата на шампионите

Неапол, 15 март 2023 (МИА) – Екипите на Наполи и на Реал Мадрид се последните кои обезбедија учество помеѓу осумте најдобри сезонaва во Лигата на шампионите.

Ова е епилогот по вечерашните реванши во осминафиналната фаза во елитното фудбалско натпреварување.

Наполи на свој терен забележа убедлива победа со 3:0 против Ајнтрахт Франкфурт и со вкупни 5:0 оди во четвртфиналето.

Головите ги постигнаа Виктор Осимен 45+2. и 53. минута и Пјотр Зиелински од пенал во 64. минута. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во победничкиот тим влезе во игра во 74. минута.

На другиот вечерашен натпревар, Реал во Мадрид го совлада Ливерпул со 1:0 и со вкупни 6:2 избори пласман во четвртфиналето. Стрелец на единствениот гол на „Сантијаго Бернабеу“ беше Карим Бензема во 78. минута.

Освен Реал и Наполи, пласман во четвртфиналето претходно изборија Милан, Интер, Челзи, Манчестер сити, Бенфика и Баерн.

Ждрепката на двојките за 1/4финалето ќе се одржи в петок. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан