• петок, 10 мај 2024

Наполи без Осимен против Милан во ЛШ

Наполи без Осимен против Милан во ЛШ

Неапол, 11 април 2023 (МИА) – Најдобриот фудбалер сезонава на Наполи, Виктор Осимен, поради повреда ќе го пропушти првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони против Милан, објави денеска претседателот на клубот од Неапол, Аурелио де Лаурентис.

Осимен го повреди бутниот мускул пред неколку недели додека настапуваше за Нигерија, а во Серија ги пропушти натпреварите против Милан и Лече.

„Виктор нема да може да игра. Се надеваме дека ќе биде подготвен за идниот вторник за реваншот, кој ќе се игра на нашиот стадион“, рече Де Лаурентис.

Осимен во досегашниот тек од сезоната одигра вкупно 29 натпревари за Наполи и постигна 25 голови.

Првиот натпревар од италијанската четвртфинална пресметка меѓу Милан и Наполи е на програмата утре од 21 часот на „Сан Сиро“. ег/паг/

Фото: EПА

Остани поврзан