• четврток, 04 декември 2025

Напаѓачот на Роберт Фицо осуден на 21 година затвор за тероризам

Напаѓачот на Роберт Фицо осуден на 21 година затвор за тероризам

Братислава, 21 октомври 2025 (МИА) – Суд во Словачка денеска пресуди дека човекот кој минатата година пукаше и го рани премиерот Роберт Фицо е виновен за тероризам и го осуди на 21 година затвор.

Словачкиот премиер Роберт Фицо беше тешко ранет кон средината на мај 2024 година во обид за атентат во градот Хандлови.

Пресудата изречена денеска на напаѓачот на словачкиот премиер може да се обжали до Врховниот суд на земјата. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан