• недела, 22 декември 2024

Напаѓачот на Меган Ди Сталион осуден на 10 години затвор

Напаѓачот на Меган Ди Сталион осуден на 10 години затвор

Лос Анџелес, 9 август 2023 (МИА) - Канадскиот рапер Тори Лејнз, чие вистинско име е Дејстар Питерсон, вчера беше осуден на 10 години затвор, по повеќе од седум месеци од пресудата за пукање во колешката - музичка уметница Меган Ди Сталион.

Судијата Дејвид Херифорд од Врховниот суд во Лос Анџелес му ја изрече казната на 30-годишниот рапер. Инаку, лани на 23 декември, поротата го прогласи Лејнз за виновен за носење наполнето и нерегистрирано огнено оружје во своето возило, напад со полуавтоматски пиштол и пукање со огнено оружје со крајно невнимание.

Раперот е осуден за застрелување на раперката и „Греми“-добитничка Меган Ди Сталион, која се здоби со повреди на стапалата по забава крај базен во Холивуд Хилс во јули 2020 година.

На пукањето му претходела расправија на којашто двајцата почнале да си ги напаѓаат музичките кариери, како што изјави таа пред Судот на двонеделното судење. На Меган Ди Сталион, родена како Меган Пит, ѝ требаше операција и четири дена престој в болница пред физикалната терапија да ѝ овозможи повторно да може да оди.  си/

Фото: ЕПА.

Остани поврзан