• среда, 10 јули 2024

Напад со руски дронови врз Ровно, загрозен е енергетскиот систем

Напад со руски дронови врз Ровно, загрозен е енергетскиот систем

Киев, 10 јули 2024 (МИА) - Во текот на ноќта руската армија изврши напад со дрон врз енергетски објект во реонот на украинскиот град Ровно, соопшти украинскиот електродистрибутер „Укренерго“.

Во некои области, приватните и индустриските потрошувачи се исклучени, се вели во соопштението објавено на Телеграм, пренесуваат украинските медиуми.

Во моментов се обновува снабдувањето со електрична енергија, а рехабилитациските работи се во тек.

Во текот на ноќта во голем број региони на Украина беше прогласена тревога од воздух поради закана од напад на руски беспилотни летала од типот „Шахид“, пренесуваат украинските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан