Мишел: НАТО останува најдолготрајниот и најмоќниот воен сојуз во светот
- Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел пристигна во Вашингтон каде учествува на самитот на НАТО во Вашингтон.
![Мишел: НАТО останува најдолготрајниот и најмоќниот воен сојуз во светот](https://mia.mk/images/20240710193141_big_730x400_47.webp )
Вашингтон, 10 јули 2024 (МИА) – Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел пристигна во Вашингтон каде учествува на самитот на НАТО во Вашингтон.
- На 75-годишнината, НАТО останува најдолготрајниот и најмоќниот воен сојуз во светот. Денеска ја потврдуваме нашата железна посветеност на силно партнерство ЕУ-НАТО вкоренето во нашите заеднички вредности, напиша Мишел на Х.
Лидерите на НАТО се собраа на самит во Вашингтон, каде што вчера, денеска и утре Алијансата ја слави 75-годишнината од формирањето. јт/
Фото: Х