• недела, 22 декември 2024

Напад на израелски дрон во Либан, едно лице загина, тројца ученици повредени

Напад на израелски дрон во Либан, едно лице загина, тројца ученици повредени

Бејрут, 23 мај 2024 (МИА) - Еден човек загина, а тројца ученици се ранети во израелски напад во јужен Либан, јавија утринава либанските државни медиуми.

„Непријателски дрон гаѓаше автомобил на патот што води кон Набати“, град релативно далеку од границата, наведува агенцијата АНИ.

Возачот на автомобилот загина, а три деца во училишен автобус се повредени. 

Од 7 октомври 2023 година, од почетокот на војната во Газа меѓу Израел и Хамас, проиранското исламистичко движење Хезболах редовно го гаѓа северен Израел во поддршка на Хамас.

Израелската војска одговара на овие напади со таргетирање претставници на Либан и Хезболах.

За време на седум месеци прекугранично насилство, најмалку 429 лица загинаа во Либан. Повеќето од загинатите се борци на Хезболах, но во судирите загинаа и најмалку 82 цивила.

На израелска страна, според официјалните податоци, загинале 14 војници и 11 цивили.

Фото: МИА архива


 
 
 

 

 

Остани поврзан