• вторник, 14 мај 2024

Наноси на локални патишта во Делчевско поради обилните дождови

Наноси на локални патишта во Делчевско поради обилните дождови
Делчево, 12 август 2022 (МИА) - Поради обилните дождови кои го зафатија регионот има наноси на повеќе локални патишта во Делчевско. Појавата е најзабележлива во делчевското село Габрово, каде се апелира на внимателно возење во текот на ноќните часови. -Наноси од камења, песок и остатоци од дрвја има на локалниот пат во село Габрово, долж делови од патот во село Разловци, како и во неколку останати села. Поради тоа препорачуваме внимателно возење, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, апелираа надлежните сообраќајни служби во Делчево. Поради можна појава на одрони од подружницата на Македонија Пат исто така посочија на внимателно возење на патниот правец Делчево - Македонска Каменица - Кочани. -На овој патен правец поради испарувањето од водениот талог на одредени места е можна намалена видливост, што претставува дополнителен проблем во сообраќајот, додадоа од подружницата на Македонија Пат. Поради неколкучасовните врнежи сообраќајот долж магистралата А3 се одвива по влажни коловози. вс/рп/  

Остани поврзан