• сабота, 22 март 2025

Намален узвозот на енергенти во ЕУ во 2024 година

Намален узвозот на енергенти во ЕУ во 2024 година

Брисел, 22 март 2025 (МИА) - Европската унија во 2024 година увезла 720,4 милиони тони енергенти во вредност од 375,9 милијарди евра. Во споредба со 2023 година, увозот е намален и по вредност (-16,2%) и по нето маса (-7,1%), соопшти Евростат.

Кај нафтата, забележан е пад и на вредноста на увезените нафтени деривати (-4,7%) и кај обемот на увозот (-2,4%).

Нагло намалување на вредноста (-39,1%) и на волуменот (-15,1%) во однос на 2023 година, се бележи и кај увезениот течен гас.

Во 2024 година, најголеми партнери на ЕУ за увоз на нафта и деривати беа САД (16,1%), Норвешка (13,5%) и Казахстан (11,5%).

САД обезбедија речиси половина од увезениот течен природен гас (45,3%), пред Русија (17,5%) и Алжир (10,7%).

Најголем дел од природниот гас во гасовита состојба доаѓа од Норвешка (45,6%). Следува Алжир со 19,3%, пред Русија со 16,6%.са/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан