• петок, 05 декември 2025

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе успешно опериран по атентатот врз него

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе успешно опериран по атентатот врз него

Богота, 8 јуни 2025 (МИА) – Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе, кој беше застрелан во главата за време на митинг во Богота, успешно беше опериран по приемот во болница во критична состојба, соопшти градоначалникот на главниот град, Карлос Фернандо Галан.

„Мигел Урибе ја помина првата хируршка интервенција успешно“, изјави Галан, додавајќи дека 39-годишниот сенатор од Партијата на демократскиот центар влегува во „критичните часови“ на закрепнување, кои ќе бидат клучни за неговиот живот.

Полицијата уапси 15-годишен осомничен, кој испукал два куршума во главата на Урибе. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан