Намалено нивото на Тиквешкото Езеро, жителите бараат мерки за надминување на неповолната состојба
- Загрижени тиквешани реагираат за нивото на водата во Тиквешкото Езеро. Според нив, состојбата е жална и бараат преземање мерки за надминување на неповолната состојба за езерото, втора по големина вештачка акумулација во државата.
Кавадарци, 19 ноември 2025 (МИА) - Загрижени тиквешани реагираат за нивото на водата во Тиквешкото Езеро. Според нив, состојбата е жална и бараат преземање мерки за надминување на неповолната состојба за езерото, втора по големина вештачка акумулација во државата.
- Јас конкретно сакам да ја опишам ситуацијата на Тиквешко Езеро. Сега котата е околу 240 м.н.в, а минималната кота треба да биде околу 250 м.н.в. Од 2017 годна па наваму трае уништувањето на езерото, рибниот фонд, биодиверзитетот на езерото, самиот опстанок на живиот свет, внатре во езерото и околу него, функционирањето на рибниците и на крајот граѓаните што имаат вили долж езерото, а еден од нив сум и јас, изјави Трајче Јоновски, кој е само еден од тие што реагираат на намаленото ниво на водата во езерото. свд/мд/
Фото: Трајче Јоновски