Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Пресека
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на планинските превои Ѓавато и Пресека.
Скопје, 8 декември 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на планинските превои Ѓавато и Пресека.
-На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат, соопшти вечерва ЈП Македонијапат и апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособување на брзината кон условите на патот. хс/вг/
Фото: МИА архива