• петок, 22 ноември 2024

Над 7.500 ученици во Општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи 

Над 7.500 ученици во Општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи 

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) - Над 7.500 ученици од сите основни училишта и оваа година добиваат бесплатни училишни униформи составени од две блузи, две маички и дуксер, соопшти Општина Аеродром.

-В. д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска присуствуваше на доделувањето на униформите во ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром, каде што дечињата со радост ја добија својата нова училишна облека. Целта на овој проект е да обезбеди подобри и посовремени услови за одвивање на наставата, истовремено водејќи сметка во голема мера да се растовари и буџетот на семејствата кои имаат основци, се наведува во соопштението.

Општина Аеродром за набавка на овие униформи издвои речиси 19 милиони денари.

-Сакаме сите ученици да имаат еднаков пристап до образованието, а ние како Општина ќе продолжиме да вложуваме во училиштата и во подобрување на условите за наставата, велат од Општина Аеродром. дма/

Фото:МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан