• среда, 08 јануари 2025

Над 400 луѓе спасени од под урнатините на Тибет

Над 400 луѓе спасени од под урнатините на Тибет

Ласа, 8 јануари 2025 (МИА) – Повеќе од 400 луѓе се спасени од под урнатините во Тибет, соопштија денеска кинеските власти.

Продолжува потрагата по преживеаните од вчерашниот силен земјотрес што го погоди подножјето на Хималаи.

Најмалку 126 луѓе загинаа, а 188 се повредени во вчерашниот земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала. Тоа беше еден од најсилните земјотреси во регионот во изминатите години. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан