• четврток, 19 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари

Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари

Скопје, 1 април 2025 (МИА) - Над 340.000 пензионери во Република Северна Македонија од денеска ќе добиваат повисока пензија за 2500 денари. Со линеарното покачување на пензиите во месец септември и мартовската пензија во месец април, пензионерите добиваат за 5000 денари повисоки пензии за само девет месеци мандат од оваа Влада, информираат од Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Покачувањето на пензиите, велат, било едно од предизборните ветувања на оваа Влада, која веднаш, на првата владина седница, започнала со постапката за нејзино реализирање.

-Како Влада и ресорно Министерство ја потврдуваме грижата за нашата највозрасна категорија на граѓани. Продолжуваме и понатаму со креирање на политики и мерки кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на пензионерите, се вели во денешното соопштение од Министерство за социјална политика, демографија и млади. сст/са/

Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади

 

 

Остани поврзан