• понеделник, 23 декември 2024

Над 30 интервенции на ТППЕ Кичево оваа година

Над 30 интервенции на ТППЕ Кичево оваа година

Кичево, 4 март 2021 (МИА) - Вработените во територијалната против-пожарна единица (ТППЕ) од Кичево во текот на оваа календарска година имале над 30 интервенции на пожари, претежно на отворен простор. Последниот и најголем пожар што избувна вчера кај селото Колари е целосно изгаснат, по интервенција за кичевските пожарникари со едно возило.

-Во текот на оваа календарска година сме интервенирале над 30 пати и тоа претежно на пожари на отворен простор, од опожарени контејнери, диви депонии, ниви, до куќи и сообраќајни средства. Последната наша интервенција беше на пожарот што избувна вчера во атарот на село Колибари, каде што беше опжарена површина со ситно стеблеста и дегадирана шума.На овој пожар интервенираме со едно возило и пожарот е целосно изгаснат. Причините за истиот допрва ќе се утврдуваат, бидејќи на самото место беа присутни и полициски службеници, информира Горан Соколески, командир на ТППЕ Кичево.

Тој потсети дека често контактираат и со земјоделците и апелираат да не се палат стрништа и други остатоци на нивите, затоа што може огнот да се прошири и предизвика штета од пошироки размери.

И покрај овие апели, често може да се забележи чад од нивите, каде се палат остатоците од ланската вегетација за да ги оспособат овие површини за пролетна сеидба.за/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан