• петок, 22 ноември 2024

Над 200 илјади албански граѓани добиле италијанско државјанство

Над 200 илјади албански граѓани добиле италијанско државјанство
Тирана, 30 октомври 2021 (МИА) - Официјалниот извештај на Националниот институт за статистика на Италија потврдува дека повеќе од половина од албанските граѓани кои живеат и работат во оваа земја добиле италијанско државјанство, јави дописничката на МИА од Тирана. Извештајот ги анализира податоците за различните националности на емигрантите кои живеат на италијанска територија, со временска референца до први јануари 2021 година, при тоа наведувајќи дека до сега италијанско државјанство добиле над 200 илјади албански граѓани. - Според италијанскиот Национален институт, на секои 100 албански емигранти кои живеат и работат во Италија, 50 од нив добиле италијанско државјанство. Меѓу странските заедници, тие имаат најголем број емигранти со италијанско државјанство. По албанските доаѓаат емигрантите од Мароко, кои до пред две години беа на прво место, а албанските зад нив, пренесува Ора њуз. Според истиот извор, само во 2020 година 28.107 албански граѓани станале Италијанци, од нив над 17 илјади врз основа на долгогодишен престој, работа и престој во Италија, над 2.700 за брак и речиси 8.000 од други неутврдени причини. Во извештајот исто така се наведува дека и покрај тешката пандемска година за движење на граѓаните, Албанија е земја со најголем број емигранти кои добиле дозвола за престој, а загрижувачки голема е побарувачката на младите до 29-годишна возраст. Така, во текот на 2020 година 13.185 албански граѓани обезбедиле редовна дозвола за престој за период од шест месеци или повеќе. Од нив 5.127 се на возраст до 17 години, 1.679 на возраст од 18-24 години и 1.452 на возраст од 24 до 29 години. вт/паг/

Остани поврзан