• петок, 22 ноември 2024

Над 20 повредени, илјадници евакуирани поради шумските пожари што ја погодија западна Турција

Над 20 повредени, илјадници евакуирани поради шумските пожари што ја погодија западна Турција

Истанбул, 17 август 2024 (МИА) - Шумските пожари низ западна Турција повредија 21 лице и принудија околу 4.000 жители да се евакуираат, соопштија денеска властите, јави ДПА.

Пожарот се прошири во пет градови и провинции, вклучувајќи го и третиот по големина град во земјата Измир, објави државната телевизија ТРТ.

-Пламените јазици во Измир траат два дена, а повредено е 21 лице, објави на „X“ градоначалникот на Измир, Џемил Тугај. Никој не е тешко повреден, додаде тој.

Ранетите, меѓу кои шест пожарникари и еден полицаец, моментално се на лекување, рече Тугај.

Вкупно 3.971 жител во четири западни провинции, вклучително и Измир, се евакуирани на безбедно, одделно објави управата за катастрофи во земјата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан