• петок, 21 февруари 2025

Над 150 делфини од редок вид насукани на Тасманија

Над 150 делфини од редок вид насукани на Тасманија

Хобарт, 19 февруари 2025 (МИА) - Повеќе од 150 делфини од редок вид се насукале на пуста плажа на северозападниот брег на австралискиот остров Тасманија. Спасувачките екипи се обидуваат да спасат што повеќе од овие морски животни кои преживеале. Делфините се пронајдени близу реката Артур, на околу 400 километри од главниот град на сојузната држава Тасманија, Хобарт, соопштија тамошните власти.

Најмалку 136 животни биле сѐ уште живи, според првичните проверки на Одделот за животна средина на Тасманија. Причините за насукувањето засега се непознати.

„Насукувањето во оваа област е комплексно за објаснување, поради непристапноста на местото, условите на океанот и предизвиците за пренос на специјалистичка опрема до оваа изолирана област“, ​​се вели во соопштението.

Загрозените делфини, поради својот изглед познати како „лажни китови-убијци“, можат да пораснат до 6,1 метар, а тежат и до 1.361 килограм. Се наоѓаат во сите тропски и суптропски океани, главно во длабоките крајбрежни води, според податоците на Националната океанско-атмосферска администрација на САД.  си/ссм/

Фото: Икс, фотоисечок

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан