Над 1.500 крвни единици собрани во Куманово во првите шест месеци од година
- Во првата половина од тековната година собрани се над 1.500 крвни единици што е зголемување во однос на истиот период од претходната година, соопштија денеска од кумановскиот Црвен крст.
Куманово, 1 јули 2025 (МИА) - Во првата половина од тековната година собрани се над 1.500 крвни единици што е зголемување во однос на истиот период од претходната година, соопштија денеска од кумановскиот Црвен крст.
- Организирани беа 25 крводарителски акции на подрачјето на општинската организација на кои се собрани 1.540 крвни единици. Наредната акција е закажана за 14 јули, годинава во СВР Куманово, изјави секретарот Ива Младеновска.
Првата половина од годинава благ пораст на бројот на крводарувања се забележува меѓу граѓанските организации и приватни компании кои почнаа да организираат акции. На одделението за трансфузиона медицина во Куманово при општа болница, според информациите на кумановскиот Црвен крст, најчесто крв даруваат редовните крводарители. Граѓаните се повеќе се свесни за хуманиот аспект од крводарувањето, што според Младеновска се должи на континуираните апели на организацијата за вклучување во акциите, одличната соработка со Институтот за трансфузиона медицина и поддршката од медиумите.
До крајот на годинава планирано е да се одржат уште дваесетина акции со граѓански здруженија, средни училишта, во јавни институции и установи и приватни компании. ам/
Фото МИА