• петок, 22 ноември 2024

Над штипското село Селце се издига густ чад

Над штипското село Селце се издига густ чад

Штип, 18 јули 2024 (МИА) - Активен е пожарот над штипското село Селце. На терен се екипите на Територијалната противпожарна единица, припадници на Армијата и на полицијата, а во моментов селото и куќите не се загрозени.

Градоначaлникот на Oпштина Штип Иван Јорданов, кој е заедно со тимовите кои го гаснат пожарот длабоко во планината, изјави дека во моментов интензивно со натчовечки напори се гаси пожарот, а претходно со градежна механизација се правеја обрачи и планински пресеци за да не префрли огнот над селото Селце. 

Дописничката на МИА која во моментов е во селото, информира дека над селото се гледа густ чад, но куќите не се загрозени. вдј/бт/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан