Над четири илјади оброци бадников посен оброк поделени во Кавадарци
- Над 4.000 оброци беа поделени денеска во Кавадарци во рамки на манифестацијата за делење бесплатен бадников посен оброк, што годинава по петти пат се реализираше во централното градско подрачје. Свештено лице присутно на настанот рече дека целта е да се израдуваат сите луѓе и да се покаже како вистински христијани, како треба во дела да се прославува нашата света православна вера.
Кавадарци, 6 јануари 2026 (МИА) - Над 4.000 оброци беа поделени денеска во Кавадарци во рамки на манифестацијата за делење бесплатен бадников посен оброк, што годинава по петти пат се реализираше во централното градско подрачје. Свештено лице присутно на настанот рече дека целта е да се израдуваат сите луѓе и да се покаже како вистински христијани, како треба во дела да се прославува нашата света православна вера.
- Ова е голем ден, петти пат заедно со општествено одговорни фирми и други субјекти ја реализираме оваа манифестација. На немоќните, оброк ке им биде доставен во домашни услови, рече градоначалникот Митко Јанчев во своето обраќање пред присутните на градскиот плоштад.
На настанот беше потсетено дека станува збор за идеја на готвачот Горан Филипов, што ја реализира локалната самоуправа.
Јанчев рече дека расте интересот за оваа манифестација, кај населението и кај општествено одговорни компании.
Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов упати благодарност до сите субјекти што се вклучуваат во организацијата на оваа манифестација. Тој посака среќа за сите.
Филипов откри дека во подготвувањето на оброците се вклучиле готвачи од Кавадарци и цела држава. Најмладиот имал 15 години, најстариот бил на 65-годишна возраст. свд/лв/
Фото: МИА