• недела, 22 декември 2024

Над еден милион странци живеат во Истанбул, од кои половина се Сиријци под привремена заштита

Над еден милион странци живеат во Истанбул, од кои половина се Сиријци под привремена заштита

Истанбул, 21 јуни 2024 (МИА) - Повеќе од еден милион странци живеат во Истанбул, а половина од нив се Сиријци под привремена заштита во земјата, покажуваат податоците објавени од турското Министерство за внатрешни работи.

Според регистрите на Генералниот директорат за миграциски прашања, во градот на Босфор живеат вкупно 1.087.017 странски државјани со дозволи за престој.

Речиси половина од странците кои живеат во Истанбул се Сиријци - 530.612 лица. Тие се под привремена заштита на турската држава.

Под меѓународна заштита во метрополата се вкупно 3.252 странци, покажуваат податоците. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан