Надминат прагот на ПМ 10 во Битола, Кавадарци и Куманово
- Надминат е прагот на алармирање на ПМ 10 суспендирани честички, покажуваат мерните места Битола 2, Кавадарци и Куманово.
Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) - Надминат е прагот на алармирање на ПМ 10 суспендирани честички, покажуваат мерните места Битола 2, Кавадарци и Куманово.
Според Македонскиот информативен центар за животна средина при ресорното Министерство, поради најавата на УХМР за дожд и ветер во наредните денови, не е прогласено стапување во сила на кракроткорочните мерки.
- При прогласување на надминување на праг на алармирање и стапување на сила на краткорочните мерки согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, се зема предвид и временската прогноза од УХМР за наредните денови. Бидејќи согласно временска прогноза на УХМР добиено утрово, пред прогласување на надминување на праг на алармирање, се очекува промена на временските услови - умерен, до засилен ветер и врнежи, не е прогласено стапување во сила на кракроткорочните мерки, се наведува во соопштението. мч/сп/