• недела, 22 декември 2024

На денешен ден

На денешен ден
27 јуни 2020 (МИА) 1550.- Роден е францускиот крал Шарл Деветти. Во текот на неговото владеење од 1560 до 1574 година почнале верските војни меѓу римокатолиците и хугенотите (француските калвинисти). По наговор на неговата мајка Катерина де Медичи, која делувала во договор со папата Гргур Тринаесетти, во 1572 година го одобрил колењето на хугенотите во познатата Вартоломејска ноќ. 1574.- Во Фиренца умрел Џорџо Вазари, италијански сликар, архитект и писател, еден од основачите на историјата на уметноста. Неговите биографии на италијанските уметници меѓу 13. и 16. век претставуваат главен извор за проучување на италијанската уметност во тоа време. Роден бил во Аредо, на 30 јули 1511 година. 1858.- Со мирот во Тенцин завршила Кинеско-англиската војна. Кина била принудена на англиските бродови да им отвори свои пристаништа и да ја легализира трговијата со опиум. 1941.- Во селото Ростуше, Гостиварско, бил роден Нијази Лимановски, основоположник на Културно-научната манифестација на Македонците муслимани, доцент на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, како и претседател на Здружението на етнолозите на Македонија. Умрел на 12 октомври 1997 година. 1941.- Унгарија и Финска му објавиле војна на Советскиот сојуз. 1943.- Во селото Ѓавато, Битолско, е роден Димитар Башевски, македонски романсиер, поет, преведувач и издавач. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Скопје. Долги години работел како новинар, уредник и постојан дописник на весникот „Нова Македонија“ од Атина. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“. Сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Претседател не Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1969 година. Најпознати дела: „Тугинец“, „Враќање“, „Раска“, „Нема смрт додека ѕвони“, „Една година од животот на Иван Плевнеш“, „Куќата на животот“, „Сарајановскиот каранфил“, „Дневникот на Ања“, „Привремен престој“, „Совладано време“, „Бунар“, „Аголен камен“, „Братот“ и други. Неговите дела се преведувани и објавувани во странство на англиски, чешки, грчки, романски, српски, црногорски и албански. Застапуван е во антологии на македонската поезија и проза. Преведува од англиски. Добитник е на наградите „11 Октомври“, „Рациново признание“, „Ванчо Николески“ и „Печалбарска повелба“. Во бил прогласен за лауреат на престижната награда „Роман на годината“ на Утрински весник за неговото дело, романот Бунар 1944.- Сојузничките сили во Втората светска војна го зазеле францускиот град Шербур, важно пристаниште на Ламанш. 1946.- Министрите за надворешни работи на Советскиот Сојуз, САД, Велика Британија и на Франција одлучиле на Грција да и припаднат Додеканеските Острови  во југоисточниот дел на Егејското Море, вклучувајќи го и најголемиот Родос, кои од 1912 година биле италијански колонии. 1954.- Првата нуклеарна електрана во светот била отворена во Обниск, близу Москва. 1976.- Генералот Антонио Рамаљо Јанез бил избран за претседател на Португалија на првите претседателски избори. 1977.- Официјално престанала да постои прекуокеанската територија Афар и Иса која станала независна Република Џибути (држава во североисточна Африка). 1978.- Од советскиот космодром Бајконур бил лансиран вселенскиот брод „Сојуз 30“ во кој биле полскиот мајор Мирослав Хермашевски и советскиот полковник Петер Климук. По осумдневниот престој во вселената, во кој и двајцата космонаути се сретнале на орбитната станица „Саљут - 6“ со екипажот на „Сојуз 29“, Владимир Коваљонок и Александар Иванчеков, „Сојуз 30“ се вратиле на Земјата. 1989.- Умрел англискиот филозоф Џулс Алфред Ејер, чија книга „Јазик, вистина и логика“ претставувале своевиден манифест на логичкиот позитивизам. Останати дела: „Основање на емпериското знаење“, „Проблем на сознанијата“. 1995.- Република Македонија и Монголската Народна Република воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасадори. 1998.- Во земјотресот на подрачјето на турскиот град Адан загинале најмалку 120 луѓе. 2000.- Според извештајот објавен во седиштето на Обединетите нации од сида дотогаш ширум светот починале 19 милиони луѓе. 2002.- Русија станала полноправна членка на ексклузивниот клуб на најразвиените земји во светот Г-8. 2013.- Умрел Абдурахман Алити, поранешен претседател на ПДП, пратеник и амбасадор. Алити бил роден во тетовското село Желино во 1945 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година. Извршувал повеќе функции во Собранието на општина во Тетово. На првите демократски парламентарни избори бил избран за пратеник во Собранието. Како пратеник на ПДП од вторите парламентарни избори (1994), бил избран за заменик-претседател во Парламентот. Од 2006 година бил претседател на Партијата за демократски просперитет. Од 2005 до 2008 бил амбасадор на Македонија во Бугарија. 2016.- На 87-годишна возраст во Рим починал италијанскиот актер Бад Спенсер чие вистинско име било Карло Педестроли. Бад е најпознат по улогите  во  „шпагети-вестерн“ филмовите и акционите комедии, во кои играл, ги продуцирал и режирал заедно со Теренс Хил. 2019.- По кусо боледување на 86-годишна возраст почина Тамара Арсовска, член на Друштвото на писатели на Македонија од 2004 година. Автор е на повеќе книжевно-публицистички книги, и тоа: „Запаметено време“ (1992), „Блиски средби“ (1992), „Отаде минливоста“ (1994), „Волшебници на зборот“ (1995), „Чекор во третиот милениум“ (1999), „Влезница за иднината“ (2008), „Најубавите писма на великаните“ (2009), „Писателите за себе“ (2010), „Од дневникот на нашите години“ (2011), „Творците и нивното време“ (интервјуа, 2012), „Летописни помненија“ (2014), „Сите наши години“ (интервјуа, 2017). Арсовска ги подготвила и антологиските избори: „Илинденски раскази“ (1978); „Поезија на Револуцијата“ (1985), „Весела книга“ (1996), „Во светот на сказните“ (2006). ###

Остани поврзан