• среда, 20 ноември 2024
На денешен ден
5 октомври 2021 (МИА)   - Денеска е Светскиот ден на учителите 1502.- На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја открил Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка. 1582.- Според предлозите на една комисија од познати астрономи, папата Гргур XII извршил реформа на Јулијанскиот календар поради разликата меѓу траењето на календарската (јулијанска) и природната 1582 година. 1796.- Под притисок од Франција, Шпанија и објавила војна на Велика Британија која завршила со катастрофален пораз на француско-шпанската флота во 1805 година во битката кај Трафалгар, по што Шпанија практично останала без воена морнарица. 1864.- Роден е францускиот хемичар и индустријалец Луј Лимијер, пионер на светската кинематографија, кој заедно со својот брат Аугисто ја направил првата филмска камера и во Лион ја основал фабриката за изработка фотографски материјали. 1880.- Во Париз умрел Жак Офенбах, француски композитор од германско потекло кој се смета за татко на операта. Негови најзначајни остварувања се оперетите „Убавата Елена“ и фантастичната опера „Хофмановите приказни“. Роден е во Келн, на 20 јуни 1819 година. 1908.- Бугарскиот кнез, германскиот принц Фердинанд Кобург ја прогласил Бугарија за независна од Отоманското царство, а себе се прогласил за цар Фердинанд I. 1908.- Во Кавадарци е роден Александар Ленин, македонски етномузиколог, прв доктор по музички науки во Македонија. Автор е на повеќе книги, меѓу кои: „Народни музички инструменти во Македонија“, „Македонски инструментални хорски мелодии“, „Македонска народна поетска уметност“ и други. Умрел во Скопје, на 13 август 1998 година. 1938.- Претседателот на Чехословачка Едуард Бенеш поднесол оставка поради Минхенскиот договор со кој западните сојузници Велика Британија и Франција практично и ја предале Чехословачка на нацистичка Германија и пребегнал во странство. 1954.- По заострената ситуација околу Трст, што ја предизвикале западните сили со својата одлука цивилната управа во зоната „А“ на слободната територија на Трст да се предаде на Италија, во Лондон бил потпишан таканаречениот Лондонски меморандум за решавaње на трстјанската криза. 1960.- Џон Кенеди бил избран за претседател на САД. 1964.- Во Каиро почнала Втората конференција на шефовите на држави и влади на неврзаните земји. 1964.- Во Западен Берлин низ тајно ископаниот тунел под Берлинскиот ѕид пребегнале 57 државјани на Источна Германија. Тоа било најголемо масовно бегство од изградбата на Ѕидот во 1961 година. 1968.- Ричард Никсон бил избран за претседател на САД. 1970.- Вршителот на должноста претседател на Египет Анвар ел Садат по седум дена од смртта на Гамал Абдел Насер официјално станал шеф на државата. 1986.- Во Охрид било извршено устоличувањето на поглаварот на Македонската православна црква г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев). 1993.- Република Македонија и Република Грција првпат во историјата воспоставиле директна телекомуникациска врска. 1998.- Правниот комитет на Претставничкиот дом на Конгресот на САД одобрил отпочнување на постапката за импичмент против американскиот претседател Бил Клинтон. Во американската историја тоа била трета истрага за постапка на импичмент против претседател на САД. 1994.- Во Лондон била отворена првата презентација на предмети од потонатиот брод „Титаник“. Изложбата „Остатоците од Титаник“ поставена во националниот поморски музеј во Гринич, прикажувала околу 150 од вкупно 3.600 предмети извадени од морското дно, откако бродот бил откриен во 1985 година. Остатоците од прекуокеанскиот брод, што требало да го симболизира „триумфот на технологијата над природата“, се уште лежат на морското дно на длабочина од 3.980 метри. 1995.- Собранието на Република Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвоило Законот за знамето на Република Македонија. Знамето има сонце со осум жолто-златни радијални зраци што се шират на сите страни и осум црвени зраци кои се поле на знамето. Идејниот цртеж врз кој бил направена компјутерска апликација бил на познатиот новинар Спасе Шуплиновски. 1997.- Египетски официјални претставници соопштиле дека почнува нова потрага по гробот на Александар Велики во срцето на медитеранскиот град Александрија, што тој го основал во 332 година п.н.е. 2003.- Фаворитот на Москва Ахмад Кадиров, бивш муслимански свештеник, победил на претседателските избори во Чеченија. Исламски терористи го убиле Кадиров во мај 2004 година. 2004.- Умрел Морис Вилкинс, англиски биофизичар, добитник на Нобеловата награда за физиологија и медицина во 1962 година (заедно со Џејмс Вотсон и Франсис Крик) за откритија што се однесуваат на молекуларната структура на нуклиенските киселини и нејзиното значење за пренос на инфекции во живата материја. Роден бил во Понгароа, Нов Зеланд, на 15 декември 1916 година. 2007.- На Градскиот стадион во Скопје во соработка со УСАИД се одржал најголемиот хуманитарен концерт на Тоше Проески, кој само 11 дена подоцна загинал во сообраќајна несреќа, која се случила на 16 октомври, на автопатот кај Нова Градишка (Хрватска). Во чест на македонскиот легендарен пејач Тоше Проески, Управниот одбор на Меѓународната фондација „Тоше Проески“ - Крушево, кон крајот на септември 2009 година, одлучил хуманитарен меѓународен концерт под наслов „Те сакаме сите Тоше“ традиционално да се одржува на денот на неговиот роденден, 25 јануари. 2016.- Французинот Жан-Пјер Соваж, Британецот Џеј Фрејзер Стодарт и Холанѓанецот Бернард Феринг станале добитници на Нобеловата награда за хемија поради нивната работа на развојот на молекуларни машини, кои се најмали машини на светот. Лауреатите јас поделиле Наградата од осум милиони шведски круни (930.000 американски долари) за „дизајн и синтеза“ на овие молекули. ###

Остани поврзан