• петок, 22 ноември 2024
На денешен ден
20 август 2021 (МИА)   1854.- Умрел Вилхелм Шелинг, германски филозоф, последен претставник на германската класична идеалистичка филозофија. Најпознати негови дела се „Идеја за филозофијата на природата“, „Систем на трансцеденталниот идеализам“ и „Филозофија на уметноста“. Роден бил на 27 јануари 1775 година. 1940.- По атентатот во Мексико умрел Лав Троцки, еден од водачите на Октомвриската социјалистичка револуција во Русија. Со тоа убиство дошла до израз разузнавачката моќ на сталинистичката политика, во која, во годините пред Втората светска војна, биле ликвидирани голем број вистински или потенцијални критичари. По разидувањето со Сталин, тој заминал во бегство. Роден бил во Ивановка, на 7 ноември 1879 година. 1944.- Роден е индискиот државник Раџив Ганди, премиер на Индија од 1984 до ноември 1989 година. Во текот на изборната кампања, бил убиен на 21 мај 1991 година. 1960.- Прогласена била независноста на Сенегал (држава во западна Африка), поранешна француска колонија која била во федерација со Мали. 1969.- Во Скопје, од 20 до 24 август се одржала Првата светска изложба на карикатури со учество на 33 земји и 146 автори, а на тема „Мир, солидарност, хуманост“. 1994.- Во Москва умрел Роберт Рождественски, руски поет, прв носител на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезија (1966 година за песната „Се родив“). Меѓу неговите најзначајни поетски книги се „Проверка“, „Враќање“, „За 20 години“, „Радар на срцето“ и други. Роден бил во 1932 година. 2006.- Во дом за старци во Новато, Калифорнија, умрел Џо Розентал, американски фотограф, кој на јапонскиот остров Иво Џима, на планината Сурибачи во 1945 година, го фотографирал покревањето на американското знаме, што значело симбол на американската решителност да го поврати Пацификот под своја контрола... Роден бил во 1912 година. 2015.- На 93-годишна возраст починал ветеранот на германската надворешна политика, социјалдемократот Егон Бар. Бил еден од основачите на т.н. „источна политика“ на Германската федерална република, која имала блиски релации со Советскиот Сојуз и другите социјалистички земји. Бар било министер за економска соработка во владата на канцеларот Вили Бранд.   ###

Остани поврзан