• четврток, 26 декември 2024

На денешен ден

На денешен ден
27 август 2021 (МИА) 55 п.н.е.- Римскиот конзул Гај Јулиј Цезар ја започнал инвазијата на Британскиот остров со 10.000 војници на Седмата и Десеттата легија. 1576.- Од епидемијата на чума што ја зафатила Венеција умрел Тицијан Вечели, прочуен италијански сликар, основач на Венецијанската сликарска школа. Автор е на голем број слики кои претежно ги прикажуваат животот и обичаите на Венецијанската Република. Роден бил меѓу 1487 и 1490 година. 1664.- Умрел шпанскиот сликар Франциско де Сурбаран, еден од најзначајните уметници во 17. век. 1770.- Во Штудгарт е роден Георг Вилхелм Фридрих Хегел, најистакнатиот претставник на германската идеалистичка филозофија. Со своите сфаќања на дијалектиката тој извршил позитивно влијание врз напредната европска и светска мисла. Посебно е значајно неговото влијание врз класиците на марксизмот, кои неговата филозофска мисла ја сметале за една од основите на дијалектичкиот материјализам. Негови најпознати дела се „Филозофија на природата“, „Филозофија на духот“, „Логика“, „Естетика“ и други. Умрел во Берлин, на 14 ноември 1831 година. 1789.- Собранието на Франција ја усвоило Декларацијата за правата на човекот и граѓаните, инспирирана од сличната американска декларација. 1813.- Францускиот цар Наполеон Први со 130.000 војници кај Дрезден ги поразил здружените австриски, руски и пруски сили кои броеле 200.000 луѓе. 1871.- Во Терехат, Индијана, во САД, е роден Теодор Драјзер, американски романсиер и раскажувач. Првиот роман „Сестрата Кери“, според мислењето на некои критичари, е неговото најдобро дело, кое цензурата го забранила. Се до објавувањето на романот „Џени Герхарт“ десет години пишувал за илустрирани забавни модерни списанија. Потоа ги напишал познатите романи „Финансиер“, „Титан“, „Стоик“ и „Американската трагедија“. Умрел во 1945 година. 1884.- Роден е американскиот филмски продуцент Семјуел Голдвин, еден од пионерите на филмската индустрија. Во 1923 година ја основал филмската компанија „Семјуел Голдвин Продакшн“, која во 1924 година се здужил со уште две филмски компании - „Метро-Голдвин-Мајер“, но потоа повторно станал самостоен продуцент. Филмови: „Стела Далас“, „Темниот анѓел“, „Ќор-сокак“, „Мали лисици“, „Најубавите години на нашиот живот“, „Тајниот живот на Волтер Мит“, „Момчиња и девојки“. 1890.- Роден е американскиот сликар, фотограф и филмски режисер Емануел Радински, познат како Мен Реј, кој во 1915 година со францускиот вајар и сликар Марсел Дишанон го основале дадаизмот. 1908.- Роден е американскиот државник Линдон Џонсон. Бил потпретседател од 1960 во време на мандатот на Џон Кенеди. По убиството на Кенеди во Далас во 1963 година, до 1969 година бил претседател на САД. 1945.- По објавувањето на јапонската капитулација американските трупи почнале да се истоваруваат на територијата на поразената Јапонија. Првите единици се истовариле на аеродромот Ачуга, а потоа флотата од 383 воени бродови во придружба на 1.300 авиони впловиле во Токискиот Залив. Тоа било првпат Јапонија да капитулира. 2000.- Изгорело зданието Останкино, најголемиот објект во Европа, симбол на руската престолнина изграден со човечки раце. Зданието, високо над 500 метри, било изградено во 1967 година според плановите на архитектот Николај Никитин. Пожарот во кој загинале три лица предизвикал прекин на телевисиската програма ширум Русија. 2001.- Во Република Македонија почнала операцијата на НАТО „Неопходна жетва“ за собирање на оружјето од албанските терористи. 2002.- Јапонскиот суд за првпат потврдил дека Јапонија користела средства за водење биолошка војна во Кина во текот на Втората светска војна, за што јапонската влада никогаш официјално не признала. 2003.- Марс поминал покрај Земјата на оддалеченост од 55,76 милиони километри, најблиску од каменото време. ###

Остани поврзан