На денешен ден
- 1660.- Во Мадрид умрел Диего Родригес де Силва Веласкес, еден од најпознатите шпански и светски сликари. Неговите дела се одраз на генијалноста на уметникот, кој екстатичниот барок и мистициз
7 август 2020 (МИА)
1660.- Во Мадрид умрел Диего Родригес де Силва Веласкес, еден од најпознатите шпански и светски сликари. Неговите дела се одраз на генијалноста на уметникот, кој екстатичниот барок и мистицизмот на своето време ги надминал со духот на критичкиот реализам. Најпознати негови дела се "Дворски дами", "Предавањето на Бреда" (наречено и "Копја"), "Венера со огледало" и "Ткајачи на килими". Роден бил во Севилја, на 6 јуни 1599 година.
1816.- Францускиот лекар Рене Ленак го измислил стетоскопот. Овој инструмент за слушање на работата на срцето и белите дробови по неколку усовршувања станал составен дел на инструментите на секој лекар.
1830.- Француското Собрание го избрало Луј Филип за крал на Франција, после падот на Шарл Десетти Бурбонски во Јулската револуција. Новиот монарх станал познат како „кралот граѓанин“.
1858.- Кралицата Викторија Прва ја избрала Отава за престолнина на британскиот доминион Канада.
1895.- Во Венеција, Италија била отворена првата меѓународна изложба на модерната уметност, која оттогаш се одржува секоја втора година.
1957.- Умрел американскиот филмски актер Оливер Норвел Харди, симпатичниот „дебелко“, чиј неповторлив хумор заедно со Стен Лорел и сега ја засмејуваат публиката ширум светот. Тој играл во филмовите „Ние од Оксфорд“, „Двајца добри другари“, „Голема работа“, „Наша жена“, „На дивиот запад“ и други.
1960.- Брегот на Слоновата коска прогласил независност од Франција.
1987.- Во Дојран умрел Михајло Апостолски, генерал-полковник, народен херој, академик. Во НОВ на Македонија станал командант на покраинскиот односно на Главниот штаб на НОВ и на партизанските одреди на Македонија со кои успешно раководел се до ослободувањето на земјата. Тој бил еден од двигателите и основоположниците на современата македонска историографија. Роден бил во Штип, на 08 ноември 1906 година.
1989.- Во Скопје умрел Ристо Калчевски, истакнат македонски сликар и ликовен педагог. Роден бил во Прилеп, во 1933 година.
2002.- Меѓународниот монетарен фонд за економско заздравување на Бразил му одобрил кредит од 30 милијарди долари, што бил најголем износ во историјата на таа меѓународна финансиска институција.
2003.- Индонезискиот суд му изрекол смртна казна на исламскиот терорист Амрозиј, вмешан во бомбашки напад на островот Бали во 2002 година во кој загинале 202 луѓе, главно странски туристи.
###