• петок, 22 ноември 2024
На денешен ден
17 мај 2022 (МИА)   - Светски ден на телекомуникациите. Во Париз, во 1865 година за првпат била формирана организацијата која подоцна прераснала во Меѓународен сојуз за телекомуникации. 1395.- Крали Марко, според доста сиромашните историски податоци, загинал како турски вазил во битката на Ровина против влашкиот војвода Мирче. По погубувањето на неговиот татко во 1371 година во битката против Турците кај реката Марица, продолжил да владее со областите околу Призрен, Скопје и Прилеп. Епската поезија го идеализира како пример за храброст, витештво и чесност и како заштитник на послабите. Тој е еден од најчесто опеаните личности во македонските народните песни. 1510.- Умрел италијанскиот сликар Сандро Ботичели, кој работел религиозни и алегориски композиции, посебно бил познат по ликовите на Богородица со малиот Христос. Дела: „Поклонување на кралевите“, „Пролет“, „Раѓањето на Венера“, илустрации за „Боженствената комедија“ на Данте Алигиери. 1749.- Роден е англискиот лекар Едвард Џенџер, пронаоѓач на вакцината против големите сипаници, втемелувач на модерната имунологија. Неговата вакцина набрзо била прифатена во целиот свет како сигурна заштита од смртоносните големи сипаници. 1809.- Францускиот цар Наполеон Први издал декрет со кој присвоил папски територии. 1838.- Умрел францускиот политичар Талеран (Шарл Морис де Талеран Перигор), човекот чие име станало синоним за бескрупулозност. Бил дипломат, претседател на влада и амбасадор во Лондон. 1866.- Умрел францускиот композитор Ерик Сати, противник на импресионизмот и поборник за специфичниот упростен музички израз. Дела: балетот „Природа“, клавирските композиции „Ладни парчиња“, „Исушени ембриони“, „Три парчиња во облик на круша“. 1911.- Родена е американската филмска актерка од ирско потекло Морин О`Саливен, позната по улогите на Џејн, партнерката на Тарзан. Филмови: „Тарзан и неговата другарка“, „Тарзан и неговиот син“, „Најголемата авантура на Тарзан“, „Тарзан во Њујорк“, „Висок човек“, „Дејвид Коперфилд“, „Ана Каренина“, „Браќата Маркс на трки“, „Кардиналот Ришеље“. 1935.- Умрел францускиот композитор Пол Дика, професор на Парискиот конзерваториум. Дела: „Ученик на волшебникот“, „Пери“. 1951.- Основана била Матицата на иселениците од Македонија. 1957.- Египет им забранил на израелските трговски бродови премин преку Суетскиот канал. 1965.- Меѓу САД и Велика Британија бил извршен првиот трансатлантски ТВ-пренос на програма во боја. Американскиот комерцијален телекомуникациски сателит „Ели бирд“ ја пренесувал емисијата на американската ТВ-мрежа NBC „Новиот поглед на старата Англија“. 1974.- Во три експлозии на автомобили-бомби во центарот на Даблин загинале 32 лица. 1995.- На претседателските избори во Франција победил Жак Ширак. 2007.- Владата на Дубаи го наградила со 13.600 долари 63-годишниот Пакистанец Мохамад Назјер, градинар, затоа што никогаш, во текот на 28-годишната работа, не задоцнил на работа. Наградата била во висина на 49 негови едномесечни плати. 2007.- Со свечено потпишување на Актот за канонски врски меѓу Московската патријаршија и Руската црква во дијаспората завршил повеќедеценискиот раскол во Руската православна црква. 2009.- Објавени биле резултатите од парламентарните избори во Кувајт врз основа на кои за првпат во историјата на таа земја, меѓу 50-те пратеници се наоѓаат и четири жени. На жените во Кувајт во 2005 година им било дадено правото да гласаат и да бидат избирани. 2009.- Умрел Марио Бенедети, уругвајски книжевник и еден од најголемите латиноамерикански писатели. Автор е на повеќе од 80 збирки песни, новели, есеи и театарски пиеси. Станал познат по романот „Одмор“ во 1960 година. Романот бил преведен на 19 јазици. 2018.- На 93-годишна возраст почина глумецот Џозеф Кампанела. Зад себе остави над 200 проекти, а најпознат е по улогите во ТВ сериите „Mannix“, „The Colbys“, „Dallas“, „The Bold And The Beautiful“ и секако - „The Days Of Our lives“, за која во 1989 година доби номинација за Еми наградата. Кампанела е роден во Њујорк Сити, а студирал на Колумбискиот Универзитет, пред неговата преселба во Холивуд. ###

Остани поврзан