• петок, 22 ноември 2024
На денешен ден
15 мај 2021 (МИА)   1571.- Татарските освојувачи ја запалиле Москва. 1767.- Џенова на Франција и го продала островот Корзика. 1773.- Роден е австрискиот канцелар кнез Метерних. Клеменс Венцел Напомук Лотар фон Метерних-Винебург како министер за надворешни работи и канцелар четири децении ги кроел надворешната и внатрешната политика на Австрија, а посредно и судбината на Европа. 1848.- Париските работници незадоволни од политиката на буржоарската влада по прогласувањето на Француската република упаднале во собраниската зграда, го распуштиле уставотворното собрание и избрале револуционерна влада. Со помош на војската граѓанските власти успеале да го задушат востанието и да ги уапсат водачите. 1859.- Во Париз е роден Пјер Кири, француски физичар и хемичар, кој го открил пиезо-електрицитетот на кристалот, а со својата сопруга Марија Склодовска - Кири ги открил радиоактивните елементи - полониумот и радиумот. Умрел во 1906 година. 1886.- Умрела американската писателка Емили Дикинсон која додека живеела била потполно анонимна, бидејќи до смртта објавила само пет песни. Нејзините повеќе од илјада песни, се откриени по нејзината смрт, и постхумно се објавени во шест томови. 1891.- Роден е рускиот писател Михаил Булгаков, по професија лекар. Дела: „Мајсторот и Маргарита“, „Белешки на младиот лекар“, „Кобни јајца“, „Животот на господинот де Молиер“, „Театарски роман“ (недовршен), „Бегство“, „Адам и Ева“, „Блаженство“, „Иван Васиљевич“, „Последните денови“... 1909.- Роден е англискиот филмски и театарски актер Џемјс Мејсн. Филмови: „Бегалец“, „Човекот во сиво“, „Ѕвездата е родена“, „Јулиј Цезар“, „Лолита“, „Север северозапад“, „Лордот Џим“, „Галеб“, „Убиство по нарачка“. 1911.- Роден е швајцарскиот писател Макс Фриш, либерален интелектуалец, скептик кој ги анализирал духовните традиции и противречности на современиот свет. Дела: романите „Штилер“, „Хомо фабер“, „Нека името ми биде Гантенбајн“, драмите „Кинески ѕид“, „Грофот Едерланд“, „Дон Хуан или Љубов според геометрија“, „Андора“, „Биографија“, „Дневници 1946-1949“, „Дневници 1966-1971“. 1942. – Роден е Ристо Ѓ. Јачев, македонски поет, романописец, театарски критичар, артист, новинар, уредник, критичар и преведувач. Како исклучително плоден писател Ристо Ѓ. Јачев е повеќе од педесет години живо присутен во современата македонска литература со поетски, прозни и драмски остварувања. Меѓу неговите најпознати поетски дела се: „Кавал и магија”, „Димна гора”, „Ангел над Христовиот гроб”, „Смртни песни”, „Студен мрак”, „Помнам“, како и романите „Кукла”, „Јаков”, „Патот на ангелите”, „Алексеј”. Добитник е на значајни книжевни награди, меѓу кои „Стале Попов” , „Златно перо”, „Нарциса”, „Григор Прличев” и „Ацо Шопов“. 1943.- Во Москва, на иницијатива на Ј.В. Сталин била донесена одлука за распуштање на Комунистичката интернационала (Коминтерна), со што формално било признато правото на самостојно решавање на секоја комунистичка партија. 1945.- (СФР)Југославија дефинитивно се ослободила од окупаторот. Земјата за време на четиригодишната војна била ограбена и опустошена, а според официјалните податоци загинале 1.706.000 луѓе. 1948.- Новосоздадената држава Израел ја нападнале египетски авиони, а на север и исток либански и јордански трупи. 1955.- Во Виена бил потпишан Австрискиот државен договор со кој Советскиот Сојуз, САД, Велика Британија и Франција ја обновиле независноста на Австрија во границите од 1 јануари 1938 година, со што завршила десетгодишната сојузничка окупација на таа земја која во Втората светска војна била дел од Третиот рајх и чие население во огромно мнозинство го поддржувало нацизмот и присоединувањето кон Германија. Договорот содржел низа заштитни одредби за националните малцинства во Австрија, на кои Виена не секогаш доследно се придржувала, а обврската за „вечна неутралност на Австрија“ се покажала како релативна. 1957.- Велика Британија ја извршила првата термонуклеарна проба во централен Пацифик. 1963.- Од Кејп Канаверал, во САД, бил лансиран вештачкиот сателит „Фејт - 7“ со кој космонаутот Гордан Купер ја обиколил Земјата 22 пати. Купер бил четвртиот американски, а осмиот светски космонаут кој извршил орбитален лет околу Земјата. 1978.- Умрел австралискиот државник Роберт Гордон Мензис, премиер на Австралија со најдолг стаж, шеф на владата како лидер на Обединетата австралиска партија од 1939 до 1941 година, а потоа и како водач на Либералната партија од 1949 до 1966 година. Значително придонесол за јакнење на американското влијание во Австралија и ја вовлекол земјата во Виетнамската војна на американска страна. 1987.- Умрела американската филмска актерка Рита Хејворт, холивудски секс симбол во четириесеттите години на 20. век. Филмови: „Само ангелите имаат крилја“, „Ѓилда“, „Дамата под сомнение“, „Никогаш нема да се збогатиш“, „Дамата од Шангај“, „Одвоени маси“. 1991.- Претседателот Франсоа Митеран соопштил дека по оставката на премиерот Мишел Рокар мандатот за состав на владата и го доверил на Едит Кресон, која следниот ден како прва жена во историјата на Франција ја презела должноста премиер. 1992.- Илјадници приврзаници на опозицијата во Азербејџан во Баку ги зазеле зградата на Собранието и претседателската палата, а еден ден подоцна од власта бил тргнат претседателот Ајаз Муталибов, кој потоа избегал во Москва. 1992.- Во Перт, Австралија, отворен бил првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија. 1995.- Кај селото Богомила, Велешко, била предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна. 1996.- Десничарскиот лидер Атал Бихари Ваџпај станал првиот Хинду националистички премиер на Индија, затоа што неговата Џаната партија на парламентарните избори освоила релативно мнозинство. 2006.- САД ги обновиле целосно дипломатските односи со Либија. 2007.- Повеќе од 60 талибански бунтовници биле убиени во воздушните судири на авганистанските и коалиционите сили со две бази на бунтовниците во Кандахар, провинција на југот во Авганистан. Во нападот загинале регионалните команданти мула Абду Хаким, мула Абдула Манан и мула Зариф. 2007.- Најмалку 24 луѓе загинале, а 30 биле повредени во експлозија на бомба во хотел во пакистанскиот град Пешавар. Бомбата експлодира на рецепцијата во четирикатниот хотел „Мер 2007.- Најмалку 45 луѓе загинале, а 60 биле повредени кога камион-бомба полн со хлор експлодирал близу пазарот во шиитското село Абу Сејдах, во ирачката провинција Дијала, североисточно од Багдад.   ###

Остани поврзан